February 21, 2020 07:16
Спорт

Манчини: Tешките натпревари ја прават Италија посилна

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини смета дека тешките натпревари се добредојдени за неговите избраници.

Италија синоќа со многу мака ја совлада Финска на гости во Тампере со 2:1 во квалификациите за ЕУРО 2020.

– Имавме проблеми, но ние самите си ги создадовме. Доминираше во играта, момците генерално делуваа многу добро, но при резултат 1:1 имавме причина за загриженост. Мора да се обидеме да бидеме уште подобри. Напорните натпревари нè прават посилни. Одлично е да доминирате на гостински терен, иако направив пет измени во однос на претходниот наш натпревар. Имаме многу талентирани играчи и тоа треба да не радува. Веќе по следниот меч, можеме да се квалификуваме. Се надеваме дека олимпискиот стадион ќе биде полн како на Европските првенства во 1990 година кога бев млад, изјави Манчини.

Италија по шест средби има максимални 18 бода во Ј-групата и се наоѓа на една победа до пласман на Европското првенство.