August 21, 2019 12:24
Фудбал

Манчестер Јунајтед ќе го обновува тимот со дуо од Франција

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да привлече две од ѕвездите на француската Лига 1,  „Црвените ѓаволи“ сакаат да се засилат со напаѓачот на Лил, Никола Пепе и со полудефанзивецот на ПСЖ – Адриен Рабио.

 

Менаџерот Оле Гунар Солскјер планира тотална промена во составот по разочарувачкото шестото место во крајниот пласман на Премиер лигата и во неговите планови влегува привлекувањето на Пепе, кој до сега има 21 гола и 12 асистенции за Лил. 23-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска може да игра како на врвот на нападот, така и по крилата, а Јунајтед ќе треба да извади околу 45 милиони фунти за неговите права.

Во исто време за трансфер на Рабио, Јунајтед нема да дава пари, бидејќи играчот е слободен агент. Фудбалерот сепак не играл за ПСЖ од декември, кога падна во немилост, одбивајќи да потпише нов договор. Но за него интерес има и од Јувентус.

Нови вести

Балотели е нов фудбалер на Бреша

24info

Утре ќе биде позната судбината на Дибала

24info

Најголемите разочарувања од Серија А во Премиер

24info