November 14, 2019 13:27
Спорт

Манчестер јунајтед почна преговори со Барселона за трансфер на Ракитиќ

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ може да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, објави АС. Според извештаите на медиумите, 31-годишниот Хрват има намера да го напушти каталонскиот тим.

„Црвените ѓаволи” разговараат за договор со Каталонците за купување на Хрватот.

Барселона сака да добие најмалку 34 милиони фунти за Ракитиќ.

Интерес за Ракитиќ пројавува и калчолигашот Интер.

Оваа сезона Ракитиќ одигра шест натпревари за Барселона и немаше некој забележителен ефект. Неговиот договор со Шпанците важи до 30 јуни 2021 година.

Вредноста на хрватскиот репрезентативец на фудбалскиот пазар се проценубва на 35 милиони евра.

Нови вести

Вардар ќе игра два натпревари без тренерот Васоски на клупата

Igor

Куртоа не се сомнева дека е еден од најдобрите голмани на светот

Igor

Македонија не и се плаши на Шпанија

Igor