January 15, 2021 16:30
Спорт

Манчестер јунајтед го санкционира Гринвуд поради недисциплина

Мејсон Гринвуд ги пропушти последните два натпревари на Манчестер јунајтед против Њукасл и ПСЖ на гостински терен. Менаџерот Оле Гунар Солшер иако на прес-конференција кажа дека младиот Англичанец има мала повреда, англиските новинари велат дека всушност се работи за дисциплинска мерка.

Крилниот напаѓач, кој минатата сезона експлодираше со 17 постигнати голови, оваа сезона има проблеми со дисциплината.

Поради ова Гринвуд добил опомена од менаџерот, кој се надева дека во иднина младиот фудбалер ќе се врати на вистински колосек.