October 20, 2020 05:17
Спорт

Манчестер јунајтед го победи Брајтон со гол од пенал досуден по означениот крај

Манчестер јунајтед го совлада Брајтон со 3:2 во натпревар од 3. коло на англискиот фудбалски шампионат одигран попладнево. Гостите победничкиот гол постигнаа во 10.минута од судиското продолжение од пенал.

Главниот судија на средбата, Крис Каванаг, најпрво отсвири крај, по што доби навестување од ВАР дека треба да се досуди пенал. Тој му дозволи на Манчестер Јунајтед да изведе удар од белата точка кој на гостите им донесе три поени.

Пеналот го реализира Бруно Фернандеш.

За Јунајтед ова е прва победа во новата сезона по два одиграни натпревара, додека Брајтон го запиша вториот пораз на третиот меч.