April 1, 2020 06:08
Спорт

Манчестер јунајтед го гледа Муса Дембеле како замена за Рашфорд

Напаѓачот на францускиот Лион, Муса Дембеле може да пристигне во редовите на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, пренесува „Дејли стар”.

Според изворот, 23-годишниот Французин би можел да биде замена за Маркус Рашфорд, кој ќе биде надвор од терените подолго време поради повреда. Се очекува цената на трансферот да чини 50 милиони евра.

Во тековната сезона Дембеле одигра 19 натпревари во францускиот шампионат, на кои постигна 11 погодоци