January 24, 2021 06:38
Спорт

Манчестер сити се откажа од Меси, си најде друг напаѓач

Иако се очекуваше дека еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси од Барселона во јануари или во летниот преоден рок ќе се пресели во Манчестер сити, англиските медиуми објавуваат информации дека тоа нема да се случи. Меси повеќе не е во плановите на тренерот Пеп Гвардиола со кого соработуваа во Барселона и жнееја трофеи.

Скај Спорт објави дека Сити не планира да го ангажира Меси дури и бесплатно. Првата причина е што тој ќе наполни 34 години, а втората е што играч на тие години бара неверојатно висока плата.

Во меѓувреме, тренерот Гвардиола го бендисал капитенот на Астон Вила и репрезентативец на Англија, Џек Грилиш.

Напаѓаќот на  Астон Вила, Грилиш беше голема желба на градскиот ривал Манчестер јунајтед. Неговата цена на фудбалската берза е околу 40 милиони евра, но Астон Вила е убедена дека може да добие понуда од 112 милиони за играчот кој постигна пет погодоци и запиша шест асистенции оваа сезона во англиската премиерлигашка конкуренција.

The Testament of Sister New Devil (Dub) Episode 12 at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll free account 2020

Shingeki no Kyojin: Chronicle (https://animeplanet.cc/m/75Z7) Episode Full at website https://animeplanet.cc. See more anime planet hero academia