December 6, 2019 21:18
Спорт

Манчестер сити поднесе жалба за судењето на дербито со Ливерпул

Актуелниот англиски шампион Манчестер сити испрати жалба за делењето на правдата од страна на судиите на дерби натпреварот од 12. коло во премиерлигашка конкуренција против Ливерпул (1:3), пренесува „Дејли мејл”.

„Граѓаните” се фокусираа на фактот дека на првиот гол на натпреварот во изведбата на Фабињо му претходеше игра од страна на Трент Александар-Арнолд во неговиот шеснаесетник. Постојат и други решенија на главниот судија на средбата, Мајкл Оливер, кој се доведени во прашање од страна на актуелниот европски шампион.

За потсетување, по последниот свиреж на судијата, тренер на Сити, Пеп Гвардиола тргна кон судиската екипа, се ракуваше со секој судија и саркастично се заблагодари за делењето на правдата.

Нови вести

Валверде за Меси: После 30 години, нормално е да се појават мисли за пензионирање

Filip

Чеферин за идејата на Перез за Суперлига: Тоа е себично, ќе го уништи фудбалот!

Igor

Сари: Не можеме да играме со Роналдо, Дибала и Игуаин во исто време

Filip