February 24, 2019 04:47
Фудбал

Манчестер Сити одреди колку може да плати за Иско

Шампионот во Премиер лигата, Манчестер Сити е заинтересиран во своите редови да го донесе играчот од средниот ред на Реал и шпански репрезентативец, Иско.

 

Според eден медиум, англискиот клуб е подготвен да плати 75 милиони евра за евентуален ангажман на Иско.

Тренерот на „граѓаните“, Гвардиола, во Иско гледа долгорочна замена за Давид Силва.

Дваесет и шестгодишниот Иско оваа сезона настапи на 25 натпревари за Реал и постигна четири гола со една асистенција.

Related posts

Бензема обвинет за обид за киднапирање

24info

ПСЖ за само неколку минути остана без Нејмар и Мбапе

24info

Ибрахимовиќ потврди дека не се враќа во Милан

24info