Спорт

Манчестер Сити е првиот финалист во Лигата на шампионите

Во реванш полуфиналето на Лигата на шампионите, Манчестер Сити го совлада ПСЖ со 2:0 и со вкупни 4: 1 избори место во финалеto од Лигата на шампионитe кое ќе се игра во Истанбул на 29 мај.

Во 11-тата минута Сити дојде до водство. Брза акција, која ја отвори голманот Едерсон со одлично додавање, топката се одби до Ријад Марез по ударот на Де Брујн, и Алжирецот не погреши.

На стартот на вториот дел, место притисок од гостите, Манчестер Сити нападна. ПСЖ имаше неколку обиди да дојде во ситуација за гол, но убиствената контра на домашните повторно беше пресудна.

Во 63-тата минута, фантастична контра, брза и прецизна. Де Бруин и Фоден ја поведоа акцијата, Ријад Марез доби топка сам на втора статива и вторпат го матираше Навас за 2:0.

На 20 минути до крајот, Ди Марија ги загуби нервите, го згазна Фернандињо и доби директен црвен картон.

 

WCOStream watch anime online: High-Rise Invasion (https://wcostream.cc/m/zqNG) Episode 12

GoGoAnime watch anime: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) (https://gogoanime.be/m/Qk9W) Episode 39