Спорт

Манчестер Сити го победи ПСЖ и се наоѓа блиску до финале во ЛШ

Манчестер сити со пресврт го совлада ПСЖ со 2-1 во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ) и со голема предност ќе ги пречека парижаните на „Итихад“ следната недела.

До првиот гол на натпреварот се чекаа само 15 минути, кога Маркињос ја натскока одбраната на Манчестер сити и ја затресе мрежата на Едерсон за водство на ПСЖ од 1-0, по што домаќините имаа уште неколку шанси, но не ги искористија.

Во второто полувреме „граѓаните“ како да се разбудија од сон и доминираа на теренот, а до 1-1 стигнаа преку Кевин Де Брајне, кој испрати центаршут во казнениот простор на Кејлор Навас, кој направи лоша проценка и не ја фатит топката.

Премиерлигашот до целосен пресврт стигна преку Ријад Марез, кој изведе неверојатен слободен удар покрај живиот ѕид на парижаните и погоди за 2-1. ПСЖ се обиде да се врати во мечот, но дополнителен проблем им направи црвениот картон, кој го доби Идриза Геј.

AnimeHeaven black clover anime heaven: Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 12

WCOStream wcostream dragon ball z: Naruto (Dub) (https://wcostream.cc/m/0d8) Episode 220