August 21, 2019 03:51
Македонија

МАНУ одбележува 100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски

Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ) денеска одбележува 100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски.

Во рамки на одбележување на јубилејот, промовирано ќе биде пригодното издание „100 Години Ѓорѓи Филиповски” од академик Глигор Јовановски, а прикажан ќе биде и филмот „Приказна од еден век – акадаемик Ѓорѓи Филиповски”.

По поздравниот збор на претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, предвидено е обраќање и на академик Филиповски. За неговиот лик, научниот и наставниот придонес ќе говори проф. д-р Татјана Миткова од Факултетот за земјоделски науки и храна, а пригодна реч ќе има и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Нови вести

ФФМ: Пред Куќата на фудбалот трагично згасна човечки живот!

24news

Двојни дипломи Универзитет ФОН и Швајцарски Универзитет

Filip

ВМРО-ДПМНЕ ги напушта седниците на советот на општина Аеродром

Filip