January 17, 2019 12:31
Свет

Манафорт му дал предизборни податоци на руски соработник

Поранешниот шеф на Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт, во текот на неколку месеци во средината на 2016 година давал податоци од предизборни анкети на соработник, кој бил поврзан со руските разузнавачки служби, се наведува во сускиот документ со вчерашен датум.

Новинари успеале да ги прочитаат податоците од судскиот документ, кои адвокатите на Манафорт не ги „затемниле” соодветно.

Обвинителите во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер наведуваат дека Манафорт лажел за тоа, додека тој ги отфрла обвинувањата во врска со неговиот деловен партнер Константин Килимник, државјанин на Украина, кого обвинителите го обвинуваат дека имал врски со руските разузнавачки служби. Манафорт изјавил оти едноставно ги заборавил деталите, наведувајќи ја како оправдување хаотичната атмосфера во кампањата.

Во судскиот документ првпат детално се опишува поради што точно е обвинет Манафорт дека лажел.

Обвинителите, кои веќе две години го испитуваат врските на Изборниот штаб на Трамп со Русија и дека тој во свосјтво претседател се обидел незаконски да ја опструира истрагата, тврдеа дека Манафорт лажел по пет прашања, вклучувајќи и за неговата врска со Килимник.

Украинскиот државјанин, Килимник, кого Малер го обвини за опструкција на правдата бидејќи влијаел на сведоците во случајот Манафорт, негира дека е поврзан со руските разузнавачки служби.

Related posts

Маж ја крена полицијата на нозе додека се oбидуваше да убие пајак

Filip

Силна експлозија во продавница за бели пецива во Париз, има повредени

Ivona

Француски адвокати бараат полицијата да престане со користење на шок бомби ГЛИ-Ф4

Ivona