February 2, 2023 22:52
Спорт

Мамиќ: Тоа што беше Бразил, сега е – Хрватска!

Контроверзниот бегалец Здравко Мамиќ, осуден на шест ипол години затвор за малверзации со трансферите на фудбалери во Динамо Загреб, човекот кој од „модрите“ направи фабрика за ѕвезди и пари (една милијарда евра приходи во последните скоро 20 години) е краток и јасен по новиот историски мундијалски успех на „бронзената и сребрената“ Хрватска.

Човекот кој безмалку откри, создаде или лансираше три четвртини од сегашниот играчки состав на хрватската репрезентација преку Динамо во неговата ера на владеење, иако и сега од Мостар диктира што ќе се случува во загрепскиот гигант, наједноставно го прокоментира епскиот успех со елиминацијата на Бразил на пенали.

„Тоа што беше Бразил, сега е – Хрватска!“, објави Мамиќ.