April 21, 2021 01:50
Македонија

Мал е интересот за вакцинирање меѓу возрасното население во гостиварскиот регион

Мал  е интересот за вакцинација против коронавирусот во гостиварскиот регион кај возрасните граѓани кои се во ризичната група и ќе имаат приоритет меѓу првите да бидат заштитени од овој непредвидлив вирус со кој повеќе од една година битка за справување води целиот свет.

Според министерот за здравство Венко Филипче досега се пријавиле само 1.500 граѓани над 70 години, од близу 6 000 колу ги има во овој регион. Филипче испрати апел матичните лекари да ги пријавуваат пациентите при денешната посета на Гостивар по повод пуштањето во употреба на модуларната болница во овој град.

Филипче најави дека ќе се работи на подигнување на свеста кај населението за важноста на имунизацијата, особено за лицата кои одбиваат да ја примат вакцината против ковид 19 и напомена дека значајно и понатму е да се почитуваат мерките за заштита.

Од гостиварската болница, 40 лекари и медицински сестри, кои имаат директен контакт со ковид пациенти, веќе се вакцинираа.

AnimeDao death note animedao: Watch Boku no Hero Academia 5th Season Episode 4 (https://animedao.nl/m/OdNR/ep-4)

KissAnime vinland saga kissanime: Your Lie in April (https://kissanimeonline.com/m/GaM) Episode 22