March 1, 2021 11:40
Хроника

Малолетник се обидел да силува 27-годишна девојка во струшко

Малолетник од Струшко синоќа се обидел да силува 27-годишна девојка. Случајот во полиција го пријавил вујкото на девојката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

– Во ОВР Струга, во 20 часот, 42-годишен жител на струшко село пријавил обид за обљуба од страна на малолетник врз негова 27-годишна внука. Во полициската станица Струга, во присуство на родител, со малолетникот бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Настанот се случил во домот на девојката, која успеала да се спаси од напаѓачот со викање и побарала помош од соседната куќа, каде живеел нејзиниот вујко.

Hiyokoi Episode Full at website https://animeheaven.pro. See more animeheaven attack on titan

Haikyuu!!: To the Top (https://kissanimeonline.com/m/JM78) Episode 13 at website https://kissanimeonline.com. See more kiss x sis kissanime