Свет

Малки со критика до Бајден: САД многу бавно ја менуваат политиката на Трамп кон Палестинците

Шефот на палестинската дипломатија,Ријад ал- Малки, денеска излезе со критика за американскиот претседател Џо Бајден дека премногу бавно ја менува политиката на неговиот претходник Доналд Трамп.

Тој истакна, дека актуелниот американски претседател не ги користи посебните односи на Вашингтон за да изврши притисок врз Израел.

Малки на состанокот во Советот за безбедност на ОН кажа дека Израел го отфрла решението на деценискиот конфликт по моделот на две држави, односно создавање независна Палестина, покрај еврејската држава, и мировни преговори.

-Администрацијата на Бајден промени дел од незаконската политика на Трамп, но не го исполни

ветувањето за отворање на американски конзулат во источен Ерусалим, што беше затворен додека Трамп беше американски претседател, изјави шефот на палестинската дипломатија.

Тој подоцна им објасни на новинарите дека се сметало, кога Бајден стана претседател пред две години, дека САД ќе се обидат да ја доближат позицијата на Израел до Палестинците, но дека израелската позиција успеа да ја приближи американската позиција до себе.

Според Малки, САД допрва треба да придонесат израелската Влада да ја отфрли нејзината политика за населување на окупираните територии и на отфрлање на решението за две држави и мировни преговори.

Бајден ја обнови помошта за Палестинците и дипломатските контакти со нив, но задржа дел од политиката на Трамп, вклучувајќи ја и промената на долгогодишната позиција на САД за Ерусалим и легитимноста на еврејските населби за кои Палестинците и ОН велат дека се нелегални.

Малки го повика Советот за безбедност да преземе итна акција за да се реши повеќедеценискиот израелско-палестински конфликт и да се спаси решението со две држави, предупредувајќи на забрзано проширување на еврејските населби, рушење на палестинските домови и „дури и анексија на палестинска земја“.

-Без тоа чувство на итност, подгответе се да присуствувате на погребот на тоа решение со сите последици, рече палестинскиот министер.

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

english dubbed anime Fairy Tail (Dub)

watch anime dub That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

AnimeHeaven Bleach (Dub) Episode 358

AnimeHeaven That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 16

anime heaven au DARLING in the FRANXX

tải go88