December 15, 2019 03:53
Спорт

Малдини сака да го врати Анчелоти во Милано

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти може да се врати во Милано, објавија италијанските медиуми.
Според „Тутоспорт”, техничкиот директор на клубот, Паоло Малдни е заинтересиран да го врати на „Сан Сиро” искусниот фудбалски стручњак. Оваа опција може да се оствари доколку Малдини ја задржи својата функција во раководството на „росонерите”.
Претходно беше објавено дека тренерот може да го напушти Наполи поради конфликт со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис. Бизнисменот не е задоволен што играчите одбија да ја почитуваат наредбата за „карантин”.
Шеесет годишниот Анчелоти беше тренер на Милан од 2001 до 2009 година. Со него тимот освои шампионски трофеј во Серија А и двапати ја освои Лигата на шампионите.

Нови вести

Лампард: Не сакам да го објаснам неуспехот со некаков умор

Igor

Барса направи пресврт, но не го победи Сосиедад па се жали за недосуден пенал вината

Igor

Кулешевски му го расипа дебито на Гатузо на клупата на Наполи

Igor