June 17, 2019 01:11
Македонија

„Макфакс“-анкета: Силјановска во тесно водство пред Пендаровски

Во он-лајн анкетата која што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова освои 40,6% од гласовите и е во блага предност пред кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски кој освои 36,9%.

Треторангиран според гласачите е кандидатот Блерим Река, кој е даелку зад нив со 4,7% од гласовите. 17,7% од гласачите се изјасниле дека нема да гласаат за никој од кандидатите за претседател на државата.


Анкетирани беа 8388 лица, а анкетата беше спроведена на 15 веб-странци. Според добиените податоци, над 66% од одговорите ги дале мажи, а приближно 33% биле жени. Анкетата стартуваше на 12 март, а траеше до 12 часот и траеше 24 часа. Најголем дел од одговорите се добиени преку мобилен телефон (85%), а помал процент (14,7) преку компјутер. Најголем дел од одговорите ги дале лица на возраст меѓу 25 и 34 години.

Нови вести

Пороен дожд, грмежи и ветер вечерва во Скопје

Filip

(Видео) Николовски: Ќе ја следиме секојa мерка и секој проект на градоначалниците

Filip

ВМРО-ДПМНЕ ја прослави 29-годишнината од основањето на партијата

Filip