Свет

Макрон повика на итен состанок на комитетот за одбрана поради Сирија

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ќе одржи вечерва итен состанок на комитетот за одбрана, на кој ќе стане збор за турската офанзива на свероистокот во Сирија, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Како што јави „Ројтерс“, Париз е еден од главните сојузници на Вашингтон, во рамки на коалицијата под водство на САД која се бори против т.н. Исламска држава.

Франција претходно повика на итен состанок на земјите во споменатата коалиција за да се расправа за турската офанзива.

Макрон во саботата во телефонски разговор го предупреди претседателот на САД, Доналд Трамп дека последица од турската офанзива во Сирија може да биде заживувањето на активностите на Исламска држава.