June 27, 2022 06:19
Македонија

Макрон освен со Ковачевски разговарал и со Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев телефонски разговараше со Емануел Макрон за повеќе теми меѓу кои се европската перспектива на страните од Западниот Балкан, последиците од воените случувања во Украна и сигурноста во Европа.

Во интерес на стабилноста на Обединета Европа, секоја земја-кандидат за членство во ЕУ мора да ги поддржи европските вредности, а Бугарија очекува такво нешто и од Македонија пред да се согласи за почеток на преговори, кажа бугарскиот претседател.

Радев кажа дека Бугарија и Македонија се договориле да изготват план со краткорочни и долгорочни цели, чија имплементација ќе го унапреди процесот на европска интеграција на Македонија.

Претседателот на Бугарија кажа дека очекувањата на Бугарија се исполнување на преземените обврски од страна на Македонија.

Радев истакна дека неспроведување на Билатералниот договор за пријателство и добрососедство и соработка од страна на Македонија бара конкретни чекори и резултати, со што ќе се засили довербата меѓу двете страни.

đăng ký go88 IOS mới nhất - Cổng Game Bài Đổi Thưởng GO88 Club play go88 fun

sunwin nổ hũ Cách tải game sunwin tài xỉu đổi thưởng mới nhất 2022 sunwin healthcare pvt ltd