October 22, 2021 09:09
Магазин

Макрон не може без својата сопруга повеќе од час и половина

Најновата биографија на францускиот претседател Емануел Макрон открива нови детали за врската со неговата сопруга Брижит Макрон.

Француската новинарка Гаел Чакалоф, која е блиска со Макронови од 2016 година, ги следеше внимателно во текот на изминатата година и половина и ја напиша биографијата „Се додека сме заедно“.

Биографијата, која се уште не е официјално одобрена од претседателот и неговата сопруга, содржи цитати од Брижит Макрон (68) и претседателот Макрон (43) и ги прикажува како двојка која прави се заедно и кои избегнуваат да прават нешто без знаење на другиот, пренесува „Дејли мејл”.

Чакалоф, која открива во книгата дека била „фасцинирана“ од љубовната приказна на Макрон, исто така, наведува дека францускиот претседател ѝ се јавува на сопругата секој час и половина и дека таа е неговата личност од најголема доверба. Анонимни извори блиски до претседателската двојка, исто така, зборуваат за нивната силна врска и откриваат дека Брижит е исклучиво посветена на успехот на нејзиниот сопруг.

Претседателот на почетокот не бил воводушевен од идејата за пишување на биографија, бидејќи Гаел тврди дека била ставена на црната листа од неговиот тим кога ја кажала својата намера да напише книга за претседателската двојка. Сепак, Брижит застанала зад неа, па новинарката на крајот добила дозвола да ги следи каде и да одат.

„ Никогаш не поминува повеќе од час и половина а тие да не разговараат еден со друг. Тие имаат заеднички распоред, така што знаат од минута во минута што прави другиот. Убедени се дека нивната врска ја подобрува нивната индивидуалност”, се вели во книгата.

„ Претседателот легнува во кревет по разговор со својата сопруга која е вљубена во него. Таа понекогаш дремнува и воопшто не слуша што ѝ зборува, но најчесто го чека”, продолжува новинарката.

Книгата открива и дека претседателската двојка разговара кога и колку може, дење или ноќе. Нејзината канцеларија се наоѓа на женскиот дел од приземјето на Елисејската палата, а неговата е на првиот кат, па често се гледаат.

Француската прва дама откри дека одлуката на Макрон да влезе во трката за претседател била „тешка“ за нивната врска, но и за нивното семејство, но таа не навлезе во детали. Брижит, која беше наставничка во училиштето во Амиен каде учеше 15-годишниот Емануел Макрон, исто така признала дека била убедена дека Макрон ќе стане „комичар, писател или уметник, а не претседател на државата“.

На самиот почеток на книгата, се открива дека Брижит има мајчинска улога и фигура во животот на Емануел, иако е многу близок со својата мајка. Неговата мајка го идеализира својот син, и таа има одлични односи со нејзината снаа, наведувајќи дека тие се „повеќе пријателки отколку свекрва и снаа“, како и дека делат исти вредности и си кажуваат се една на друга.

Watch anime online for free at TwistMoe dubbed anime

Aria the OVA: Arietta (Dub) Episode Full

AnimeFLV: Master of Martial Hearts anime episode 5 online free at https://animeflv.uk watch animes

AnimeTV Watch english anime Online in HD for FREE

Hub docker: https://hub.docker.com/u/animeflixnl

Spoke: https://www.spoke.com/companies/animefreakws-60dc430b2cd3fa3dbb01a424