December 1, 2020 02:35
Македонија

Макрадули кандидат за нов директор на Македонска пошта

Поранешниот заменик министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, како што дознава ТВ21, ќе биде новиот директор на Македонска пошта.

Досегашниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од редовите на ДУИ ќе биде назначен за директор на ЈП „Државни патишта“. Ова пред една недела го најави премиерот Зоран Заев.

Рустеми во ЈП „Државни патишта“ ќе го замени Зоран Китанов од СДСМ.

Рустем беше назначен за директор на Македонска пошта во август 2018 година.