February 2, 2023 01:36
Економија Македонија

Макпетрол: Намалување на цените на природниот гас и метанот за декември

„Макпетрол” АД Скопје соопшти дека согласно договорот со „Гаспром експорт”, како и движењето на цените на светските берзи, природниот гас за месец декември ќе поевтини за 100 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за ноември.

– Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 11 денари за килограм, во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 134,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 123,5 денари за килограм или 88 денари за литар, информираат од „Макпетрол” АД Скопје.