December 6, 2022 01:59
Хроника

Макпетрол: Лажна наградна игра циркулира во приватни пораки на социјални мрежи

Линкови што водат до лажна наградна игра почнаа да циркулираат во приватни пораки на социјалните мрежи и во нив „Макпетрол” се наведува како организатор. Компанијата укажува дека се работи за измама и потенцира дека корисниците не треба да кликаат на линковите во пораките, бидејќи на тој начин ја загрозуваат безбедноста на своите електронски уреди и лични податоци.

– „Макпетрол” традиционално секоја година ја организира наградната игра „Со Верна купувај и награди добивај” и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Активни и официјални интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека официјален Facebook-профил е „Макпетрол Ultra”. Сите останати пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни, немаат никаква поврзаност со „Макпетрол” и граѓаните истите треба целосно да ги игнорираат, велат од компанијата.

Според „Макпетрол”, надлежните институции се известени за пораките преку кои се повикува учество во лажната наградна игра.