March 5, 2021 14:20
Македонија

„Макпетрол” АД Скопје донираше таблети за ученици во основни училишта

„Макпетрол” АД Скопје набави и донираше 1000 таблети, во вредност од над шест милиони денари, наменети за учениците во 20 основни училишта низ државата. Распределбата на донацијата е извршена во соработка со Министерството за образование и наука, со цел да стигне до оние на кои им е најпотребна.

– Во овој период учениците и нивните семејства соочувајќи се со предизвиците кои ги наметна пандемијата, мораа да се прилагодат на дигиталниот начин на образование, па токму затоа како компанија решивме да го олесниме тој процес на транзиција. Свесни сме дека нашите најмлади, кај кого е клучот за подобра иднина, заслужуваат да бидат во чекор со модерниот свет, а на нас, возрасните, ни е задача тоа да им го овозможиме, се наведува во соопштението од „Макпетрол”.

Оттаму изразуваат уверување дека вложувањето во образованието како еден од најважните столбови на една држава е од големо значење.

„Макпетрол” АД Скопје, стои во соопштението, ќе продолжи со својата заложба да вложува во општествено одговорни акции, бидејќи, велат, веруваме дека големината на една успешна компанија е токму во несебичните постапки кои можат да го подобрат квалитетот на животот на нашите граѓани.

Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 14 at AnimeHeaven arifureta anime heaven

Watch My Hero Academia (Dub) Episode 4 at website https://animefreak.ws vinland saga animefreak