April 21, 2021 00:40
Македонија

Македонците од дијаспората да ја искористат можноста и масовно да се попишат

Демократскиот сојуз на првиот ден од почетокот на пописот, ги повикува Македонците кои живеат во дијаспората, а имаат македонско државјанство, матичен број и адреса во Македонија, да ја искористат можноста која им се нуди со Законот за попис и масовно да се попишат преку онлајн апликацијата, во периодот од 1 март до 31 март оваа година.

Попишувањето на Македонците кои живеат на сите континенти, е од исклучителна важност за добивање вистинска слика за етничкото потекло на сите македонски државјани.

Демократскиот сојуз предупредува дека отпорот против попишувањето и тивкиот бојкот кој се заговара од некои политички партии во Македонија, може да произведе неверодостојни податоци за бројот на етничките Македонци и да го доведе македонскиот народ во нерамноправна положба во сопствената држава.

Истовремено, ги повикуваме и роднините на нашите Македонци иселеници, кои живеат во Македонија, да ги потсетат своите блиски на оваа обврска и да им го објаснат значењето на пописот и попишувањето