January 23, 2020 22:17
Спорт

„Македонско девојче“, сакаме победа… ечи и ја краси Виена

Македонските навивачи се редовен декор на завршниците од ракометните континентални собири каде настапува државната селекција. Така е во Виена за време на 14. Европско првенство каде Македонија ги играше мечевите од Б групата со Украина и Чешка, како и пред вечерашниот решавачки дуел со домашната селекција на Австрија. каква е атмосферата можете да погледнете низ фотографиите и видео записот направени од 24 инфо.

Навивачи со „црвено-жолти“ одбележја, дресови, маички, шалови, капи, декорации по лицето… го имаат преплавено просторот во околината на салата „Штадхале“ каде се играат мечевите.

 

Декорациите и бучавата која ја создаваат пред и во салата за време на натпрераврите се препознатливиот знак за македонските навивачи меѓкои има и голем број љубители на ракометото од понежниот пол, па затоа често може да се слушне како одекнува „Македонско девојче“ и „сакаме победа“.

Оваа атмосфера која се загрева пред рашавачкиот дуел за македонските ракометари до домашната Австрија треба да биде дополнителн мотив да се успее во мисијата за пласман во втората рунда од првенството.

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Нови вести

Нурмагомедов бара 100.000.000 долари за реванш со Мекгрегор

Filip

(Видео) Ѓоковиќ во Мелбурн го претстави новиот спаринг-партнер

Filip

Јунајтед со најлош учинок по првите 23 натпревари во Премиер лигата од 1990 година

Filip