August 15, 2022 17:44
Македонија

Македонски Телеком: 5Г мрежата достапна во скоро сите поголеми места

Во скоро сите поголеми населени места во државава е достапна 5Г мрежата на Македонски Телеком, соопшти денеска компанијата.

Скопје и 15 други градови и нивните околини веќе користат 5G услуги, а од јуни до октомври со опрема од најновата петта генерација, според најавата од Телеком, ќе бидат покриени и: Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Делчево и Берово.

Со првата 5G комерцијална мрежа која е во функција од февруари годинава, корисниците на Македонски Телеком веќе користат 5G услуги паралелно и во комбинација со 4G, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции.

-Веднаш по завршувањето на процесот за доделување радиофреквенции за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz од страна на АЕК, 5G мрежата на Телеком ќе го овозможи целиот потенцијал за супер брз гигабитен мобилен интернет со брзини до десет пати поголеми од 4G. Листата на Телеком за сертифицирани 5G телефони секојдневно расте, со цел на корисниците да им се овозможи колку што е можно поголем избор на уреди. Новина се Samsung Galaxy Fold 3 i Samsung Galaxy Flip 3, со што скоро сите телефони во портфолиото на Телеком што имаат ваква опција ќе бидат 5G сертифицирани, наведуваат од компанијата.

Телеком почна да ја гради 5G мрежата во април 2021 година. Најавуваат дека до крајот на октомври ќе го исполнат планот,  односно 26 градови и нивните околини да бидат покриени со 5G, а нивните жители да користат технологија на најновата генерација.

sunwin sunwin web sunwin club

sun win

sunwin

sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin sunwin apk