September 18, 2021 14:59
Економија

Македонски Телеком: За 4,1 отсто зголемени приходите од продажба во првиот квартал

Македонски Телеком ги зголеми приходите од продажбата во првото полугодие годинава за 4,1 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 5,391 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 5,3 отсто, во споредба со истиот период претходната година, соопшти денеска компанијата.

На крајот на првите шест месеци од годинава, стои во соопштението, Македонски Телеком бележи раст и во интернет сегментот со зголемен број на корисници за 6 проценти и зголемен пристап до широкопојасен интернет за 5 проценти во споредба со истиот период од 2020 година. Бројот на интернет корисници сега изнесува изнесува 194,1 илјади, а уделот на пазарот е 49,5 проценти.

Од телекомуникациската компанија информираат и дека и приходите од мобилните услуги во првото полугодие од годинава бележат зголемување од 3,3 отсто во споредба со истиот период лани, што се должи на зголемениот број  постпејд корисници.

Компаниската посветеност и инвестициите во оптичката мрежа, посочуваат,  резултираат со континуиран раст на бројот на оптички пристапи во земјата.

– На крајот од првите шест месеци од годинава, повеќе од 233 илјади корисници имаат пристап до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година, наведува компанијата.

Посочуваат дека нивниот удел во вкупниот ТВ пазар изнесува 34 отсто, а на крајот од првото полугодие, базата на корисници е зголемена за 4,7 проценти во споредба со истиот период од претходната година и сега изнесува 144,5 илјади корисници. – Согласно со ваквите трендови, пораст бележат и приходите од овој сегмент, коишто исто така се зголемени за 3,6 отсто во споредба со истиот период минатата година, стои во соопштението.

AnimeKisa: Elemental Gelade anime episode 26 online free at https://animekisa.in free anime

animepahe :: okay-ish anime website

AnimeFLV: MegaMan NT Warrior (Dub) anime episode 52 online free at https://animeflv.uk watch animes

Genshiken OVA Episode 3

Qiita: https://qiita.com/animeflixnl

Triberr: https://triberr.com/gogoanimelol