April 11, 2021 09:12
Економија

„Македонски телеком” за 2,3 проценти ги зголеми приходите од продажба во 2020

Приходите од продажба на Македонски Телеком во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е благо намалена за 0,6 отсто, во споредба со претходната година, соопшти денеска компанијата.

Оттаму велат дека оствариле позитивни резултати во 2020 година и покрај предизвиците на работењето што ги наметна ковид-19 пандемијата. Продолжува растот на бројот на корисниците на интернет и телевизија, а се забележува и нов позитивен тренд во ИКТ областа.

Назата на корисници со пристап до широкопојасен интернет е зголемена за 4,7 отсто и изнесува вкупно 213,8 илјади корисници, со што приходите се зголемени за 2,7 отсто.  Македонски Телеком, стои во соопштението, останува на позицијата лидер на пазарот во ТВ сегментот, со удел од 33,8 проценти. Во 2020 година, Македoнски Телеком ја зацврсна својата водечка позиција со зголемување на ТВ корисниците за 4,5 отсто, со што базата на корисници порасна до 142,5 илјади.

– И оваа година продолжува да расте користењето на ИКТ и Cloud решенија и услуги, што доведе до зголемување на приходите од системска интеграција и ИТ услуги за дури 63,3 отсто во споредба со минатата година. Овој континуиран позитивен тренд е резултат на забрзаната дигитализација која постави нови услови за водење на бизнисот. Квалитетот на ИКТ услугите и решенијата и сигурноста на податоците што ги нуди Македонски Телеком го позиционираат како партнер за дигитализација на бизнисите. Инвестиции во мрежата во услови на забрзана дигитализација, информира МТ.

Наведуваат и дека со инвестиции во оптичката мрежа се зголеми бројот на домаќинства покриени со оптички пристап. На крајот од 2020 година Македонски Телеком овозможи пристап до оптика на 39,2 проценти  домаќинства во земјата, односно повеќе од 221 илјада домаќинства можат да ги користат придобивките на оптичката мрежа што е за 12,8 проценти повеќе споредено со минатата година.

Our Last Crusade or the Rise of a New World (https://animeheaven.pro/m/MQQl) Episode 12 at AnimeHeaven animeheaven hunter x hunter

Violet Evergarden Movie Episode Preview at ANIMEFLIX animeflix boruto