October 26, 2021 12:52
Хроника

Македонски полицајци фатени со марихуана во Црна Гора, ја заборавиле во запленет автомобил

Македонски полицајци вчера се фатени на албанско-црногорската граница со поголемо количество марихуана под седиштето на нивниот автомобил, соопшти црногорската полиција.

Од МВР го потврдуваат случајот и објаснуваат дека станува збор за претходно запленета дрога која останала скриена под седиштето на автомобилот, запленет во полициска акција уште во 2016 година.
Според Прес 24, од полицијата велат дека полицајците, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, се упатиле на обука во Црна Гора, а за патувањето задолжиле службено возило од автопаркот на МВР. Возилото инаку претходно било добиено од Агенцијата за управување со одземен имот, а било запленето од страна на Царинската управа во акција за сузбивање на трговија со дрога во 2016 година.

„Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата. Но, вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата, туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврдило и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје, а за целиот случај го известивме и нашето јавно обвинителство за натамошно постапување и расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани вести

Починаа 11 лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Igor

Македонец со „фантом“ фирма затаил околу 2 милиони евра во Хрватска, никој не знае каде е

Igor

(Видео) Пријавен во полиција наставникот кој тепаше ученик во училиште во Бутел

Igor

Watch Dokuro the Ghost Episode Full

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Website https://animekisa.in: Watch Mirmo Zibang! animekisa Episode 36 animekisatv

Youtube: https://www.youtube.com/channel/UCVm_RmjBiLBkalNxAckgQlQ/about

Question2answer: https://www.question2answer.org/qa/user/animeflixnl