Спорт

Македонските футсалци со пораз од Романија ги завршија евроквалификациите

Македонската футсал репрезентација загуби вечерва од Романија во Темишвар со високи 9:1 во својот последен натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 во Холандија.

Десеткуван поради отсуството на неколкумина повредени и позитивни на коронавирус стандардни репрезентативци, македонскиот состав беше инфериорен на теренот и веќе по првиот дел Романците водеа со 6:0.

До крајот на натпреварот домаќините стигнаа до убедлива победа, а единствениот гол за „црвено – жолтите” го постигна Драган Петровиќ во 25. минута.

Босна и Херцеговина заврши првопласирана во групата 4 со 15 бодови, пред Србија (9) и Романија (6), додека македонската репрезентација заврши последнопласирана со два освоени бода.

KissAnime kissanime official site: Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 11 (https://kissanimeonline.com/m/lddz/ep-11)

ANIMEFLIX anime: Watch Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 66