August 12, 2022 02:11
Спорт

Македонските ракометари ја преслушаа Грција, на ред е домаќинот на МИ

Македонската ракометна репрезентација по победата против Грција (39:21) на стартот од групната фаза на Медитеранските игри, вечерва (19 ч.) во 2. коло ја очекува нов предизвик против селекцијата на домаќинот Алжир.

Подмладениот состав на селекторот Кирил Лазаров  направен од ракометари кои настапуваа на домашната сцена со евентуална втора победа ќе направат голем исчекор кон пласман на едно од првите две места во групата кои обезбедуваат настап во полуфиналето.

На другиот меч од 1.коло, Алжир ја победи Турција со 32:27. Слободна беше селекцијата на Шпанија. Вечер во вториот меч од 2.коло во Б-групата, Шпанија ќе се соочи со Турција. Слободна во ова коло е Грција.