April 11, 2021 11:09
Спорт

Македонските ракометари против Словенија продолжуваат со настапите на СП

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево (15:30 часот) против Словенија го игра првиот натпревар во групата 4 во втората фаза на 27. Светското првенство кое се одржува во Египет. „Црвен-жолтите“ по двата убедливи порази од Шведска (32:20) и од домаќинот Египет (38:19) со триумф против Чиле (32:29) ја оставрија целта да си обезбедат продолжен престој на мундијалот. Во новоформираната група Македонија ќе стартува без бодови поради двата пораза од селекциите кои продолжуваат понатаму Шведска и Египет.

Денешниот противник Словенија во првата фаза забележа две победи – над Јужна Кореја и Белорусија, а загуби од Русија и продолжува со два бода.

На последната прес конференција пред денешниот натпревар против Словенија македонскиот селекторот Данило Брестовац најави неколку промени во составот на селекцијата но не ги соопшти имињата. По напорните три меча во групата Г на повреди се пожалија ракометрите Танкоски, Димитриоски, Крстевски и Цветан Кузманоски.

Покрај Словенија, ривали на Македонија во групата 4 ќе и бидат и Русија со која ќе се соочи в петок (15.30 ч.), И Белорусија против која игра во последното коло, в недела.

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групата.

Група 4: Шведска 4 бодови, Русија 3, Египет 2, Словенија 2, Белорусија 1, С. Македонија 0.

Watch Sword Art Online Alicization War of Underworld Episode 12 at ANIMEFLIX hotarubi no mori e animeflix

My Hero Academia 2 (Dub) Episode 25 at website https://gogoanime.be. See more toradora gogoanime