September 23, 2019 07:26
Спорт

Македонските надежи третопласирани на турнирот во Чешка

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години, предводена од селекторот Шкумбин Арслани, го освои третото место во 26. издание на меѓународен турнир  „Вацлав Јежек“ во Чешка. Покрај македонските надежи и домашната селекција настапија и соодветните државни тимови на  Украина, Словачка, Латвија и Унгарија.

По освоеното второ место во групната фаза (пораз 2:1 од Украина, и победа 3:2 над Словачка) денеска  Македонија во натпреварот за третото место убедлива со 3:0 ја победи Унгарија.

– Овие момци потврдија дека имаат квалитет кој допрва ќе дојде до израз. Жалиме за поразот од Украина, бидејќи бевме подобри, но одиме напред кон нови предизвици. Верувам во овие момци и знам дека можат повеќе. Ова победа му ја посветуваме на нашиот голман Марко Алчевски кој е во процес на рехабилитација по операцијата на коленото. Сите ние му посакуваме што побрзо да се врати на зелените терени, изјави селекторот Арслани.

Нови вести

Вардар победник, Дибиров со критика до публиката

Filip

Солскјер: Во клучните моменти, сè се сврте против Манчестер јунајтед

Filip

Италија последен четвртфиналист на ЕП во одбојка

Filip