June 23, 2021 23:55
Спорт

Македонските навивачи во Букурешт ќе влезат со негативен ПЦР тест и ќе можат да останат без временско ограничување

За македонските фудбалски нанвивачи кои сакаат да ја бодарат најдобрата фудбалска репрезентација на премиерниот настап на ЕП од 11 јун и до 11 јули, простигна убава вест. Во Букурешт, каде македонската репрезентација ќе ги одигра првите два меча од групата на 13 јуни со Австрија и на 17 јуни со Украина, а третиот со Холандија го игра во Амстердам. Македонските навивачи во Романија ќе можат да влезат со негативен ПЦР тест кој  не треба да биде постар од 72 часа, но ќе биде валиден за време на целиот престој во Романија. Тоа заначи дека нема да мораат пред истекот на 72. часа како што беше првобитно одлучено да ја напуштат Романија.

Навивачите без разлика дали ќе имаат билет или не за натпреварите со Австрија и Украина ќе можат да патуваат во Букурешт и да ја почувствуваат на лице место атмосферата.

Европската фудбалска федерација ги пушти во продажба влезните билети за натпреварите на македонската фудбалска репрезентација на претстојното Европско првенство. УЕФА ги објави деталите за начинот на кој може да се дојде до билет, истите ќе се продаваат до 26. мај, а системот функционира по принципот „прв дојден, прв услужен“, пред се поради фактот што и бројот на навивачи на стадионите ќе биде ограничен. За да се дојде до билет мора да се добие код од Фудбалската федерација на Македонија, а сите информации може да се најдат на следниот ЛИНК.

Претходно од ФФМ беше донесена одлука за приоритет за купување влезници да имаат здравствените работници кои ќе покажат интерес за присуство на натпреварите. Непознато е колку билети ќе и бидат на располагање на ФФМ.

WCOStream wcostream dragon ball super: Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (https://wcostream.cc/m/mWWe) Episode 11

AnimeFreak vinland saga animefreak: Horimiya (Dub) (https://animefreak.ws/m/5wx2) Episode 13