October 24, 2020 23:43
Македонија

Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на Договорот за добрососедство

Пратеникот на СДСМ, Коста Костадинов смета дека билатералните спорови со Бугарија нема да бидат пречка на патот кон ЕУ, откако во јавноста има силни реакции по објавување на меморандумот од страна на официјална Софија, во кој се условува интграцијата на земјава во унијата.
-Како сериозни политичари особено и како сериозна партија секогаш сме давале шанса да по пат на дијалог, по пат на обемни разговори ги затвораме сите крупни прашања коишто ги тиштат граѓаните на нашата држава, но и граѓаните на државите со којшто сме имале претходни тешки спорови. Она што е најважно дека еве и јас од овде сум Македонец, јас од овде зборувам македонски јазик, вие поставувате прашања на македонски јазик и секако и најважно согласно договорите, признаени од цел свет. Јас искрено сум убеден дека камен на сопнување во нашиот интегративен пат кон ЕУ нема да бидат билатерални спорови во случајот со Република Бугарија, вели Костадинов.