June 17, 2019 17:10
Македонија

Македонскиот јазик официјално и во НАТО

Македонскиот јазик официјално и во НАТО

Република Северна Македонија наскоро ќе стане 30 членка на НАТО, на официјалната страница на НАТО при вчерашната заедничка прес-конференција на Премиерот Заев и секретарот Столтенберг официјално на преводот стоеше за прв пат Македонскиот јазик.

Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на средбата му честиташе на Премиерот Заев за успехот со договорот од Преспа и неговата имплементација.

„Сите сте сведоци дека само за година и половина, со решавање на клучните предизвици за иднината на нашето општество и нашата земја, Владата успеа да ја врати земјата на вистинскиот пат, на патот на евро – атлантските интеграции“, потенцираше Премиерот Заев на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера во Брисел.

 

Нови вести

Општина Боговиње ќе реализира два инфраструктурни проекта со финансиска поддршка од државата

Filip

МВР започна со издавање на новите регистарски таблички со ознака НМК

Filip

Сугарески: Над 100 милиони евра инвестиции за патишта во југоистокот

Filip