June 26, 2019 20:26
Култура

Македонскиот филм „Црни и криви” награден на фестивал во Романија

Македонскиот краткометражен филм „Црни и криви” на Марко Џамбазоски доби признание на романскиот фестивал „12 Mоnths Film Fеstivаl”, што се одржува во Клуж-Напока. Филмот е награден во две категории „Награда од публика” и „Продуцент на месецот”.

Филмот досега беше прикажан на повеќе филмски фестивали низ светот меѓу кои и: „Пула Филм Фестивал” (Хрватска), „Синедејс” (Македонија), „Slum Film Festival” (Кенија), „Омладински” (Босна и Херцеговина), Early Bird (Бугарија), InShort Film Festival (Нигерија), RIFAC (Тунис), East Anglian Film Festival (Англија), Lift-off (Англија), Comedy Cluj (Романија), Diorama (Индија), Linea d’Ombra (Италија) Balkans Beyond Border (Србија) и други.

„Црни и криви” е македонска комедија во режија на Марко Џамбазоски, кој е и сценарист и монтажер на филмот, извршен продуцент е Бошко Мангаровски, Марко Димитриевски е директор на фотографија, а главните улоги ги толкуваат: Горан Ников, Тони Денковски, Чедомир Митевски, Ердоан Максут, Мирјана Трпковска. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Нови вести

ДЛУМ ќе организира изложби во „Галерија 8″ во чаршија

zane

Трет Меѓународен ликовен симпозиум „Струга 2019″

zane

Вечерашниот концерт на „Скопско лето” преместен во Музејот на македонската борба

Valentina