October 26, 2020 09:56
Спорт

Македонскиот стратег кој ја предводи женската селекција на САД беше во посета на ФФМ

Македонскиот фудбалски стратег, Влатко Андоновски – Шате кој минатата година ја доби довербата да биде селектор на актуелниот светски првак во женска конкуренција, репрезентација на САД, престојот во татковината го искористи да ја посети и Фудбалската федерација на Македонија.

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски при оваа средба му врачи дрес на Андоновски од македонската репрезентација.

-Баш е убаво кога добри работи им се случуваат на луѓе кои се чесни кон својата работа, кои нѐ калкулираат и знаат што сакаат во животот! Влатко е голем господин, честитки! Впечатокот сега е многу поголем -велат од ФФМ.