November 28, 2020 17:14
Спорт

Македонскиот зет Карачиќ одигра меч за паметење против ПСЖ

Поранешниот ракометар на Вардар, а сега на полскиот Кјелце,  Игор Карачиќ вечерва одигра меч за паметење прптив францускиот ПСЖ. Хрватскиот репрезентативец постигна 13 гола од 15 шута, а  Кјелце го совлада тимот кој го предводи поранешниот трофеен вардаров стартег Раул Гонзалес, со  35:33.

На шест минути пред крајот Французите водеа со 31:30, па сцена стапи македонскиот зет, Карачиќ кој прво постигна два гола за водство на Кјелце, а во последните минути ја обезбеди и  победата. Ефикасен настап за Кјелце имаше  уште еден поранешен вардарец, Алекс Душебаеб постигна седум гола од 10 обиди.

Во останатиот натпревар во групата каде настапува и македонскиот Вардар, Флензбург кој беше победен минатата недела во Скопје славеше против Елверум со 37:35. Сега на табелата Кјелце и Флензбург имаат по осум бода следи Мешков со шест, Порто има пет, а Вардар три бода од три меча, ПСЖ само два од четири натпревари колку што има и Елверум. ПИК Сегед е последен без бодови.