November 25, 2020 16:11
Спорт

Македонска фудбалска премиера на јубилејот од ЕП

Македонска фудбалска премиер на една завршница од ЕП ќе има на јубилејот 60. години откако почнале да се играат континенталните собири. За овој историски момент на мак-фудбалот во Тбилиси, против Грузија се изборија избраниците на слекторот Игор Ангеловски – Мрме предводени на теренот од најискусниот, со најмногу настапи во државниот дрес и прв стрлец меѓу „црвено-жолтите“ Горан Пандев. Како што му доликуваше на првиот стрелец Пандев со манир на гол-мајстор постигна победнички гол кој долго ќе се врти во видео најави и прераскажува меѓу љубителите на најважната споредна работа во нашата земја. А, сигурно ќе биде и прворангиран на неговата листа со погодоци, репрезентативни и клупски, како најдраг и највреден во играчката кариера. Благодарение на овој погодок Пандев својата богата и трофејна играчка кариера ќе има можност да ја заврши како што поскауваше и потајно веруваше во оваа генерација помлади соиграчи, со настап на ЕП.

Покрај Мрме и Горан, лидерите на оваа генерација од клупата и теренот, во европскиот македонски мозаик со златни букви ќе бидат испашани имињата на Столе, Аријан, Висар, Стефан, Дарко, Бобан, Егзон, Езган, Енис, Тихомир, Илија, Елиф, Иван, Александар…. Сите тие си ја одиграа својата улога која им беше доверена.

Браво момци ! Завршивте еден циклус победнички. УЕФА со новото натпреаврување Лига на нации им даде шанса и на помалите репрезентации да бидат дел од ЕП, а вие тоа на најдобар можен начин го искористивте. Победивте во време на пандемија предизвикана од коронавирусот која Ве лиши од можноста да имате поддршка каква заслужувате од трибините, да ја споделувате радоста со навивачите. Чувството да се игра пред полни и празни трибини е поинакво. И во ваков неспортски амбиент издржавте во мисијата наречана ЕП. Иако излирани ги стопливте вашите и срцата на бројните љубители на спортот во земјава. Славете заслуживте. Последниот збор не сте го кажале. Има уште динамит во нозете на овие момчиња кои дел од нив уште во 2017 година со тимот до 21 година го најавија овој фудбалски подвиг со настапот на младинското ЕП во Полска.

Фудбалскиот сон е преточен во јаве по 27 години фудбалско мечтаење на генерации фудбалери, тренери, спортски работници. Од победничкото појавување на меѓународната сцена за македонската репрезентација во Крањ во далечната 1993 година, следуваше долг и трнлив пат за да се стаса меѓу 24 репрезентации кои в година од 11 јуни до 11 јули во 12 градови ширум „стариот континент“ ќе го одиграат шампионатот кој коронавирусот го одложи за една година.

Македонија не помина со кандидатурата да биде дел од домаќините на јубилејното ЕП, но затоа со резултатите на теренот не признавајќи фаворити, домашен и гостински терен се избори да биде дел од истото. Заслужено !!!

Драган Николовски

 

Поврзани вести

Пановски: Избегнато е “труење со медикаменти”, ве молам под итно преведете протоколи за Ковид 19 и објавете ги!!!

Valentina

1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Igor

Фавира од утре и во Македонија

admin