March 7, 2021 18:58
Хроника

Македонска работа во Италија: Еден земал пензија од починатата сопруга, друг со нерегистриран камион транспортирал забранет отпад  

Македонски државјани често ги полнат страниците од рубриките црна хроника во Италија, па речиси секојдневно има информации за нашинци кои биле казнети за неносење маски или продажба на дрога, а редовни се и камионџиите фатени во шверц на мигранти.

За среќа, во изминативе месеци немаше наши државјани учесници во потешки кривични дела, но 24 Инфо одбра за  македонската јавност неколку поинтересни случки.

Македонец на возраст од 66 години, кој живее во Пиза, со години ја избегнува казната за измама оти две години земал пензија од починатата сопруга. Таа починала во 2011 година, но тој продолжил да ја зема пензијата на жената од октомври истата година до септември 2013 година. Сопругот на тој начин зел 20 илјади евра, иако не му следувала. Службениците во пензиското и социјалното осигурување тогаш забележале дека нешто не е во ред па почнала истрага од обвинителството.

Сепак, и по веќе осум години случајот никогаш не дојде до судење поради неколку одложувања, па сега постои можност да биде застарен, а нашинецот го брани адвокат кој му го доделила државата.

Првото рочиште со судијата за прелиминарни истраги се одржуло на 17 јуни 2019 година, каде е одлучено да му се суди на 66-годишникот, кој тогаш е обвинет за членот 316 од Кривичниот законик: непримерно примање средства на штета на државата, или, по наше го оштетил државниот буџет за 20.000 евра. Првото рочиште било закажано за 8 мај лани, но истото не се одржало, што поради пандемијата, што поради други причини. Наредното рочиште е закажано за 4 март годинава.

Медиумите наведуваат сличен случај, кога внук земал пензија од покојната тетка цели осум години, или по 1.200 евра месечно од 2006 до 20014 година. Во октомври 2018 година 63-годишниот измамник бил осуден на една година и 6 месеци затвор, но само за периодот од 2011-2014 година, за што адвокатот поднел жалба.

Друг нашинец од Фиренца, пак, останал без камионот, кој му бил запленет поради транспорт на забранет отпад. Станува збор за сопственик на трговија со железни и метални предмети, кој бил сопрен при рутинска патрола на сообраќајната полиција.

По проверката сообраќајците откриле дека камионот имал активна забрана за учество во сообраќај во траење од 90 дена. Истата му била издадена од крајот на ноември кога нашинецот бил казнет со 2.000 евра бидејќи го возел камионот, иако не бил регистриран односно немал технички преглед. Бељата да биде поголема, полицајците виделе дека превезува демонтирани делови од возила оставени во отпад, а не железо, како што пишувало во налогот. Сообраќајците побарале помош од Полицијата за заштита на животната средина, кои утврдиле дека транспортетот не бил овластен за превоз на таков вид на товар, односно извршувал неовластен транспорт на отпад. Македонецот веднаш бил обвинет за кршење на Законот за заштита на животната средина, па камионот му бил запленет.

Во третиот случај станува збор за камионџија кој следејќи го ГПС на својот камион заглавил на паркинг на перална во градот Цивитанова. Камионџијата го следел компјутерот па излегол од патот и дошол до падина по која се спуштил на паркингот.

За негова несреќа патот бил забранет за тешки возила поради нагибот на патот, кој е залепен за ѕидините на горниот дел од градот, аособено поради остриот завој на крајот на спуштањето.

Камионџијата останал заглавен, па морала да интервенира полицијата, која со кран го поместила камионоти по неколку часа го извлекла на главниот пат.

 

Поврзани вести

333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Igor

(Видео) Скопјанец сакал да прошверцува пола тон марухуана скриена во камион со отпадна хартија

Igor

Мицкоски од Инфективо до Заев: Единствен начин да се спасите од мене е да не се разбудам утре

Igor

Cells at Work!! Episode 7 at website https://animefreak.ws fire force animefreak

Yashahime: Princess Half-Demon (Dub) Episode 13 at website https://animeplanet.cc. See more anime planet dubbed