June 26, 2022 08:06
Спорт

Македонската футсал селекција на мегдан со Словенија

Македонската футсал репрезентација в четврток почнува со натпреварите од претквалификацискиата група за пласман на Светското првенство во 2020 година. Македонскиот тим  првиот меч ќе го одигра в четврток (17.30 ч.) со Словенија во спортскиот центар „Јане Сандански“, а  противници во групата ќе им бидат уште и Косово (петок, 17.30 ч.) и Украина (недела (17.30 ч.).

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Иван Божовиќ се соочува со проблеми поради повреди на клучните играчи Даниел Де Соуса и Драган Петровиќ, но вели дека нема да се откажеме од борба за втората позиција во групата.

-Отсуството на двајцата клучни играчи е хендикеп во борбата за втората позиција со Словенија. Украина е главен фаворит за првото место. Без повредените Соуса и Петровиќ, како и недоволно опоравените Исмаили и Рамадан, словенечката селекција ја добива фавортиската улога, но тоа не значи дека ние однапред се откажуваме од борбата на паркетот за второто место, порача Иван Божовиќ, македонскиот селектор.

 

 

dow go88

sunwin stevia international inc sunwin group đăng nhập sunwin