December 4, 2022 20:31
Спорт

Македонската футсал репрезентација ги почна подготовките за мундијалските квалификации

Македонската футсал репрезентацијата на крајот на оваа седмица ги почнува европските квалификации за пласман на Светското првенство 2024 година против селекциите на Италија и Шведска во рамки на Групата 10.

Првиот натпревар избраниците на селекторот Васко Скендеровски ќе го играат на гостински терен против Шведска в петок во Алингсас со почеток во 17 часот, а пет денови подоцна во Скопје ќе ја пречекаат Италија. Натпреварот Македонија – Италија ќе се одигра во спортскиот центар „Јане Сандански” со почеток во 19 часот.

Селекторот Скендеровски за двата претстојни квалификации натпревари повика 13  фудбалери:

Голмани: Иван Стојановски (Арбен Бајрами), Антонио Петровски (Проект);

Фудбалери: Зоран Левевски (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Иван Крстевски (Врање, Србија), Цека Исмет (Шкупи), Игор Леовски (Мимел-луценец, Словачка), Дарко Ранготов (Проект), Драган Петровиќ (Врање, Србија), Јакуп Рамадани (Лигени), Даниел Марињо Де Соуза (Лозница, Србија), Џокица Арсовски (Хохенштајн Ернштал, Германија), Еркан Сефери (Шкупи).