Македонската футсал репрезентација загуби од Босна и Херцеговина во Скопје со 3:2 (1:0) во рамки на претпоследниот натпревар во квалификациите и се прости од надежите дека на крајот од квалифиакциите ќе може да дојде до место кое води на завршницата од ЕП. Македонија по пет одигрни кола е на делба на последното место во групата 4 со Романија, со по два бода. Токму прптив Романија идната среда во Темишвар, македонсклата селекција ќе го заврши овој квалификациски циуклус.
БиХ уште пред вечерашниот дуел со Македонија го имаше обезбедено пласманот на завршниот турнир како првопласирана во група, но тоа не влијаеше да играат опуштено. Одиграа добар натпревар и во драматична завршница на 12 секунди пред крајот постигнаа обедносен гол за продолжување на серијата триумфи. Македонија на двапати израмнуваше со со погодоците на Дарко Ранготов во 22 минута и Јакуп Рамадан во 38 минута, но тоа не им беше доволно да останат и непоразени.