November 27, 2021 17:43
Култура

Македонската и руската научна заедница ја засилуваат соработката

Меѓународниот образовен простор интензивно се развива. Прогресивната заедница се стреми да создаде глобална стратегија за образование на човекот, без оглед на местото на живеење и едукациското ниво. Денес е невозможно да се обезбеди конкурентност на високообразовната институција и нејзините дипломирани студенти на светскиот пазар на труд, без активна интеракција со странски партнери. И нашите земји ги обединува разбирањето дека модерното образование треба да стане меѓународно, а универзитетското мултикултурно, порачаа учесниците на настанот во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со кој претпладнево и официјално почнаа Деновите на руската наука.

Според високите претставници на македонската и руската академска заедница, статусот на државите во светот, директно зависат од научниот напредок и новите технологии. Но, науката треба да демонстрира и убедливи резултати од своите истражувања кои може да бидат основа за политички одлуки, за што, пак, се важни постојаните контакти на научниците и нивната професионална интеракција со оние кои донесуваат одлуки и ги спроведуваат на меѓународната сцена.

Како што беше речено, македонските и руските научници отсекогаш имале и имаат плодна соработка. Постои голем интерес за нејзино интензивирање, за реализирање заеднички проекти и истражувања, а обновливите извори на енергија, безбедната храна и заштитата на животната средина се само некои од областите во кои се гледа значителен потенцијал.

-Руската наука го задолжи светот. Во историјата засекогаш ќе останат впишани големите имиња на руските научници, пронаоѓачи, истражувачи, писатели,…, од кои многумина се и добитници на Нобеловата награда. Но, Русија и денес го препознава значењето на науката и има стратегија за нејзина поддршка, истакна во своето обраќање претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев и најави дека се подготвува нов договор меѓу Руската академија на науките (РАН) и МАНУ.

Според рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин, за Русија науката е еден од врвните приоритети, а во фокусот се напредните научно-истражувачки центри и талентираните млади луѓе.

-Со МАНУ и со руските висоообразовни институции денес отвораме низа онлајн предавања на експерти од двете земји за современите научни достигнувања. Изборот на дисциплини не е случаен: вештачка интелигенција, биохемија и молекуларна биологија, земјоделски науки и ветеринарни науки. Во овие области развивме плодна соработка. Убеден сум дека Деновите на руската наука ќе придонесат за унапредување на нашите традиционални партнерски врски, а Амбасадата ќе продолжи да дава поддршка на соработката, нагласи Баздникин.

На свеченото отворање се обратија и академик Виктор Антонович Садовничиј, претседател на Рускиот Сојуз на ректори и ректор на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов”, проф. д-р Сергеј Владимирович Позјабин, ректор на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин”, проф. д-р Евгениј Владимирович Рудој, ректор на Новосибирскиот државен аграрен универзитет и проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин ја прогласи 2021-ва за Година на науката и технологијата. По тој повод е предвидено да се организираат 86 настани кои ќе овозможат запознавање на пошироката јавност со руската наука на достапен и информативен начин. Еден од настаните се и Деновите на руската наука кои ќе траат до 21 октомври. Во рамки на Деновите ќе се одржат четири предавања од различни научни области: вештачка интелигенција, биохемија и молекуларна биологија, земјоделски науки и ветеринарни науки. За овие теми ќе зборуваат академик Љупчо Коцарев, проф. д-р Велимир Стојковски, проф. д-р Евгениј Варисович Камалдинов и проф. д-р Лариса Александровна Гнездилова.

Website https://animeheaven.pro: Watch Judo Story animeheaven Episode Full dragon ball z anime heaven

AnimeDao: Waiting in the Summer (Dub) anime episode 12 online free at https://animedao.nl animedao god of highschool

Ushio and Tora Episode 10

Watch Yo-Kai Watch (Dub) Episode 79

God Mars (https://gogoanime.be/m/PDBx) Episode 64