Балкан Македонија

Македонка избрана за министерка во словенечката влада

Емилија Стојменова Дух, доктор на науки и асистентка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, е избрана за министерка за дигитализација во новата словенечка влада. Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, како и директорка на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia.

Стојменова Дух (36 г.) е активна во иницијативата за „паметни села“, поддржана од Европската комисија и Европскиот парламент. Таа ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на важни позиции во науката, технологијата и математиката.

По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница, Емилија Стојменов Дух се преселила во Марибор. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија, таа добила стипендија за програмата Меѓународна матура, а потоа и ги завршила студиите по електроинженерство на Универзитетот во Марибор, каде била најдобар студент.

Коалициските партии на новата словенечка Влада што ќе ја предводи Роберт Голоб, завчера ја договорија распределбата на министерските места во Кабинетот, како и текстот на коалицискиот договор што ќе биде парафиран штом ќе биде и формално усвоен од раководните партиски тела.

Идниот премиер Голоб, претседателката на Социјалдемократите, Тања Фајон и претседателот на партијата Левица, Лука Месец, по неколкучасовни разговори потврдија дека новата Влада ќе биде составена од 19 министерства и владина Канцеларија за дијаспората.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime stream Redo of Healer

watch anime Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

AniWatch Boruto: Naruto Next Generations

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc Episode 7

AniWatch Kiss x Sis Episode 9