August 19, 2019 10:26
Македонија

Македонија ќе го потпише протоколот за пристапување во НАТО

НАТО денеска во седиштето во Брисел ќе го потпише протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, по ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парамент на крајот од минатиот месец. На состанокот ќе присуствуваат сите ополномоштени амбасадори на земјите-членки, а изјави ќе дадат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Со денешното потпишување во Брисел на протоколот за пристапување НАТО ги отвора вратите за членство на Македонија во Алијансата.

„На 6 февруари ќе пишуваме историја: НАТО сојузниците ќе го потпишат протоколот за пристапување со идната Република Северна Македонија“, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во саботата.

Откако формално ќе биде потпишан протоколот за пристапување, ќе започне следната фаза од процесот на пристапување, по што ќе биде проследено со ратификација на протоколот во националните парламенти на земјите-членки на НАТО.

Македонското Собрание минатиот месец ги усвои уставните измени за преименување на земјата во Северна Македонија. На 18 октомври, НАТО започна официјални разговори за пристап со Македонија. Македонија и Грција го потпишаа Преспанскиот договор за промена на името во јуни.

Нови вести

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап

Igor

Фетаи: Не коментирам постапки на други Обвинителства

Daniela

Успешните аграрни политики донесоа повисоки цени, помали трошоци и повеќе пари за земјоделците

Igor